Владата преку своите криминалци се обиде да ве убие во текот на протестите, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на 6 јули откако од плоштадот Скендербег беше пукано на демонстрантите кои поминуваа под стоковната куќа Мост.
Во интервјуто за Прва.рс, Мицкоски објаснува дека заканите траат веќе 4 години, но кулминирале пред една година.
Јас сум единствен човек во Македонија, кој има најмногу рејтинг и кој ја води најголемата политичка партија, а кому државата не му дозволува обезбедување. И сето тоа е намерно, за да може да се случи, тоа што требаше да се случи пред некој ден. Но не исклучувам можност, бидејќи последните два дена повторно имам закани по мене и моето семејство. Но, јас им реков јас сум спремен да го завршам својот живот, дали вие сте спремни да го повлечете чкрапалото?
Comments are closed for this post.