Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски упати честитка до припадниците на исламската вероисповед по повод празникот Рамазан Бајрам.
„Денешниот празничен ден претставува радост, но воедно промовира моменти на хуманост, солидарност и меѓусебно почитување. Овие вредности кои се втемелени во традицијата треба да помогнат во градење и зацврстување на соживотот и толеранцијата како основа за благосостојбата во нашето општество. Само сплотени и обединети можеме да се спротивставиме на предизвиците, да ги решаваме проблемите и да изградиме успешна држава и просперитетна иднина за нас и нашите идни генерации“, напиша Мицкоски во честитката.
Тој додава дека сите граѓани го споделуваат тешкиот живот.
„Секојдневието полно со криминал, корупција и лош стандард еднакво ги засега сите граѓани. Затоа во овие тешки моменти и премрежија со кои се соочува Република Македонија потребно е да се почитуваме, помагаме и негуваме подобри односи со блиските и пријателите, за да можеме да се посветиме на создавање праведна, напредна и почитувана држава на среќни граѓани. Нека овие празнични мигови во денешниот ден донесат мир, радост и хармонија, но воедно и среќа и благосостојба кои ќе ве следат целиот живот, Вас и вашите семејства“, стои во честитката по повод Рамазан Бајрам од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.
Comments are closed for this post.