Добар ден и од мене, денеска сме овде во Велес. Можам да кажам дека сум исклучително задоволен од тоа како изминативе два викенди помина кога станува збор анализирање на онаа цел која што ја имавме. А, тоа е да собереме што е можно поголема навигација, поголем број сугестии од страна на нашите сограѓани. За реализација на проекти кои што ќе бидат во следната 2023-та година , но и во периодот кој што следи потоа. Бидејќи дел од Општините каде што имаме градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ или пак ВМРО-ДПМНЕ е дел од општинската управа, веќе имаат предвидено свои проекти кои што се опфатени со капиталните инвестиции и буџетите за 2023-тата година. Но, дел ќе бидат од оние проекти кои што граѓаните преку оваа акција, преку овие отворени денови ги доставуваат директно во самите Општини или преку веб страната budzeti.mk одлучија да бидат дел од кампањата која што ќе донесе промени, која што ќе донесе иднина практично.
Повеќе од 1.500 идеи очекуваме да стигнат. Првиот викенд беа повеќе од 800-тини, сега веќе ако ја следиме и ентиципираме онаа динамика од вчерашниот и денешниов ден претпладнево, можеме да кажеме дека имаме повеќе од 1.500 пристигнати идеи. Кои што навистина се идеи кои што ќе бидат сериозно разгледани и огромен дел од тие ќе бидат вклучени за реализација во Буџетите во следната, па и во годините кои што следат потоа.
ВМРО-ДПМНЕ иновира, ВМРО-ДПМНЕ е политичка партија која што е од народот и за народот. Ова за првпат во Македонија се случува да заедно со граѓаните, Општините ги креираат Буџетите и со тоа се потврдува отвореноста и транспарентноста на ВМРО-ДПМНЕ. И не случајно од 9 општини кои што ги избра ЕУ, седум општини се на градоначалници кои што се од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. Една општина е од коалиција и само една од СДСМ.
Овде во Велес имаат навистина амбициозна агенда пред себе, но и навистина многу проекти кои што ги завршија изминатава година иако пристиснати од економската, енергетската криза, притисоците Марко кажа од страна на централната Влада. Еве овдека еден исклучително квалитетен проект тоа е уредувањето на кејот на реката Вардар. Гледате притисок се врши и од инспекциските служби на министерството за животна средина, ако добро разбрав, се попречува проектот, се попречува нешто што е добро за велешани од страна на Владата. Се казнува затоа што Марко овдека уште во првиот круг, успеа да го декласира кандидатот на СДСМ., да направи исклучително квалитетен резултат и на тој начин практично да ја порази Владата на СДСМ и ДУИ. Сега тие се реваншираат на велешани, ги кочат проектите, не даваат да се развива општината. Зошто? Затоа што велешани одлучиле да го казнат криминалот и корупцијата, и неспособноста на Владата пресликана на локално ниво.
Марко кажа дека следната година предвидуваат повеќе од 1.5 милион евра за асфалтирање и реконструкција на улици, булевари овдека во Велес, две спортски сали во населените места Дворови и Тунел. Потоа реконструкција на уличното осветлување, ќе биде паметно улично осветлување колку што можам да разберам. Со тие димери, што значи дека ќе биде штедливо, ќе се штедат средствата на граѓаните за да потоа тие средства се вратат преку капитални проекти назад кон граѓаните. Затоа велам една прилично амбициозна агенда, тука е нормално и кејот, довршувањето на кејот, довршувањето на градскиот пазар. Навистина година која што треба да изобилува со многу капитални проекти кои што ќе го подобрат квалитетот на животот на велешани и ќе донесат промени, ќе донесат иднина практично за велешани.
А, по превземањето на централната власт ВМРО-ДПМНЕ и те како ќе посвети огромно внимание овдека во Велес и те како ќе посвети внимание во реализација на проектите овдека во Велес, бидејќи велешани заслужуваат да имаат многу повеќе од тоа кое што денеска централната власт го овозможува. За среќа тука е локалната власт, градоначалникот, администрацијата, советниците кои што помагаат.
Така што еве да сумирам, јас сум исклучително задоволен, очекувам денешниот ден да помине доста продуктивно и да продолжиме и понатаму со новиот пристап и практикување на политики.
Comments are closed for this post.