Изборот на кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ е само фарса, Мицкоски сам ќе си го бира својот фаворит.Кој и да е кандидатот на Мицкоски, што со него ќе застане против НАТО и ЕУ, против иднината на Македонија, го чека пораз на претседателските избори, реагираат од СДСМ откако ВМРО-ДПМНЕ ги објави кандидатите за претседател.
Македонија утре седнува на своето столче во НАТО, тоа е голем успех за граѓаните и силен пораз за пионот Мицкоски, за неговите деструкции и за неговите антизападни шефови.Граѓаните одбраа иднина во ЕУ и НАТО и нема да дозволат нов Иванов или Груевски да ги вратат во темното минато.Граѓаните заслужуваат вистински претседател кој ќе ги штити интересите на државата, на граѓаните и ќе работи за напредок и иднина во НАТО и ЕУ.Пионот Мицкоски и неговиот антизападен кандидат нека се подготват за изборен пораз-велат во партијата.
Comments are closed for this post.