Целта на СДСМ е да го вовлечат Мицко во оваа рашомонијада, дека Зоки Кичеец му дал на Мицко пари.
Ова е одговорот на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, на новинарското прашање поврзано со прес-конференциите на СДСМ на кои се бара одговор од него дали кога и зошто се сретнуал со осомничените од случајот Рекет.
– Со понуда за милост да даде ваков исказ. Дајте доказ дека тоа се случило и јас доброволно во затвор ќе се пријавам. Не треба ни Русковска ни Реџепагиќ. Сам ќе отидам во притвор. – рече Мицкоски.
Comments are closed for this post.