Различни беа целите и задачите во првата, споредбено со тоа кои се целите и задачите во втората епоха. Бидејќи сепак мора да признаете дека после неуспехот да се формира Влада во 2017 година и најголемиот пораз кој што се случи на локалните избори во 2017 година се беше би рекол една состојба на демотивација во рамките на ВМРО-ДПМНЕ. И логично е да голем дел на активистите, поддржувачите, членството по сериозниот налет на тогашната власт да се пасивизира.

 

И целите и задачите во таа прва епоха после мојот избор како претседател на ВМРО-ДПМНЕ во крајот на 2017 година беше да повторно да ја стабилизираме партијата, да ја реорганизираме, да го повратиме би рекол нарушениот углед кој што го имавме со меѓународната заедница, со нашите пред се стратешки сојузници и пријатели. Истовремено да создадеме коалициски потенцијал внатре во Македонија со останатите политички партии. И на крај да победиме на избори – истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, проф. д-р. Христијан Мицкоски во гостување во емисијата на МРТ.

Мицкоски додаде дека, за жал, на парламентарните избори коишто беа минатата година беа под плаштот на корона кризата и тогаш во налет на власта на пакети и поткупи, притисоци, закани и уцени овозможија да коалицијата СДСМ и Беса да има 10.000 гласа повеќе од ВМРО-ДПМНЕ и два пратеника. Но, затоа на локалните избори коишто се случија пред некој месец ВМРО-ДПМНЕ како никогаш до сега успеа да на два пати го порази политичкиот противник, а тоа е СДСМ. Со тоа што ВМРО-ДПМНЕ освои 42 градоначалника плус градот Скопје и уште во неколку општини да биде мнозинство, односно да биде дел од органите кои што раководат со таа општина и да има 70-тина советници повеќе.

Ако од ова денешна перспектива правиме оценка на тоа дали целите што ги поставивме во првата епоха ги исполнивме, може да кажам дека да ги исполнивме и сосема на крај можам да кажам дека остана уште една би рекол уште еден товар кој што ВМРО-ДПМНЕ го носи, а тоа е замрзнатиот имот. Кој што е резултат на еден би рекол насилен и вештачки судски процес од страна на владејачкото мнозинство од страна на СДСМ – појасни Мицкоски.

Тој посочи дека втората епоха е нешто друго, сега ВМРО-ДПМНЕ како политичка партија сака да направи општествено мобилизирање на секоја слобомислечна индивидуа.

Затоа што имаме чувство како да тие умни глави се тргнати настрана, како да седат понастрана, како да не имаат некое активно учество во рамките на политичкиот живот – нагласи Мицкоски.