Талат Џафери како претседател на Собранието треба да најде начин со сите пратенички групи да создаде хармонија и да заврши една работа која е во интерес на граѓаните. Џафери, може дома да се однесува своеволно, ама како претседател на Собрание треба да им служи на граѓаните, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во „Само интервју“ на Канал 5 Телевизија.
Мицкоски посочи дека вчера пратениците не само на ВМРО-ДПМНЕ, туку и на целата опозиција биле во салата и чекале на дневен ред да биде 36 седница и да гласаат за сетот закони од петтиот пакет мерки.
-Работава не е игра, луѓето немаат плата земено, затоа требаше Џафери да го постави на дневен ред потребното, а не да игра политиканство. Закони кои сакаат да ги поминат на насилен начин, закони во кои не се прифаќа ниту еден амандман. Или договореното на координациите не коресподнира со тоа што се случува потоа, рече Мицкоски.
Тој укажа дека ако ВМРО-ДПМНЕ не сакаше да поминат законите, немаше првиот човек да надлежната комисија пратеникот Тимчо Муцунски веднаш да најде начин да поминат законите на комисија. Според него, Џафери е одговорен да спроведе хармонија во Собранието и Собарнието да биде функционално. Смета дека однесувањето на Џафери не му прилега како претседател на Собрание.
-На лидерската се договоривме дека сите закони кои што се однесуваат на реформскиот процес, се однесуваат на поддршка на стопанството, граѓаните, борба против пандемијата, сите закони, претходно ќе бидат на маса на преговарачки тимови помеѓу опозицијата и власта. Не само ВМРО-ДПМНЕ како опозиција, и коалиција на Алтернатива и Алијанса, и Левица итн., рече Мицкоски
Comments are closed for this post.