Ние немаме апсолутно никаква информација од страна на надлежните за тоа што во моментот се случува, дали течат преговорите, на кој начин се вршат тие преговори за евроинтегративниот процес, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на Рома Њуз.

Од тоа што можам да го заклучам, во овој момент повеќе сум песимист, отколку оптимиста дека сега на крајот од јуни месец со завршувањето на Португалското претседателство, ние ќе ја добиеме датата, би рекол, за одржување на првата меѓувладина конференција. Затоа што јасна е пораката од страна на дипломатите во Брисел дека во овој момент нема позитивен одговор од сите земји членки на Европската Унија, а таму одлуките се носат со консензус – изјави Мицкоски.