Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ предага лустрација за политичарите. Тој во емисијата “Отворено” на ТВ Алфа истакна дека е подготвен да биде првиот политичар на кој ќе му биде испитано потеклото на имотот. Тоа според него треба да се направи со Заев и со сите други политичари. Мицкоски истакна дека не смее да има селективна правда и треба да се истражат многу процеси во македонската историја за кои кај граѓаните постои сериозен сомнеж за криминал.
Ние имаме 28 години порази во оваа држава. Ајде да ги лустрираме сите политичари, ајде да го провериме имотот. Ајде нека почнат од мене, јас сум година и половина претседател, речиси на најголемата опозициона партија, лидер на опозицијата, претходно сум бил директор на АД ЕЛЕМ, сум бил дел од кабинетот на тогашните премиери, еве нека почнат од мене, од имотот мој, од имотот на моето семејство и нека завршат со имотот на Зоран Заев. Нека завршат со имотите на сите поранешни политичари. Па да видиме зошто луѓето се комотни или не се комотни, ајде да видиме за сите процеси во минатото, да ги отвориме и да ги дискутираме. Зошто да дискутираме за бомбите од 2007 до 2015? Зошто да имаме селективна правда, рече Мицкоски.
Запрашан околу непотизмот, обвинувањата на СДСМ за вработувања на негови роднини и уделот во хидроцентрали Мицкоски рече дека се неосновани.
Мојата сопруга е вработена во гимназијата Орце Николов во 2005 година кога ние се забавувавме и кога не сум можел да знам дека ќе ми биде сопруга ниту пак дека 12 години потоа ќе бидам лидер на ВМРО-ДПМНЕ. Да јас имам 7 проценти удел во три мали хидроцентрали. Нешто е учество од лични средства, нешто се средства од банки. Долго време сум работел во енергетиката. Нормално е тоа што сум го заработил да го вложам воо тоа што најдобро го знам. Јас кога бев директор на ЕЛЕМ му го прекинав договорот на мојот татко кој беше уште од ЕСМ. Нека ценат граѓаните дали е тоа непотизам, рече Мицкоски.
Comments are closed for this post.