ВМРО-ДПМНЕ го заокружи кругот на трансформација и реформи. На сцена се кандидати за градоначалници, нови лица кои ќе бидат креатори на политиката во државата од името на ВМРО-ДПМНЕ во следните десетина година. Тоа се луѓе израснати во самостојна Македонија, со чиста мисла и надеж за да работат за својата земја. Не должат на никој пред нив и затоа нема да бидат компромисни или да се откажат од заедничкиот сон за тоа како Македонија треба да изгледа за 30 години од денеска нагласи претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во Битола.
Претседателот Мицкоски истакна дека локалните избори се крстопат по кој се решава судбината на Македонија и идните генерации, укажувајќи дека народот е тој кој што треба да ја знае реалната слика за да одлучи какви одлуки носи.
Ова е тој крстопат по кој се решава за судбината на нашата земја и идните генерации. Затоа е важно народот кој одлучува да има јасна слика за тоа какви одлуки се носат. Драги пријатели, сакам и да се осврнам за тоа што значи патриотизам, и на потребата вистински тој да се разбере во 21 век. Патриотизам е пушката за права ама и перото на хартија. Патриотизам е и борбата за стандард и правдини. Вистински ќе напредуваме ако економски ја градиме нашата земја. Вистински ќе ја сакаме ако не молчиме. Патриотизам е да се бориме бескомромисно со криминалот и корупцијата. Патриотизам е да се бориме за повисоки плати и подобар живот. Патриотизам е да влеземе во ЕУ, и само така ќе станеме рамноправни и силни да разговараме за се’ друго што е важно за нашиот народ, само така ќе се брани Македонија и нашиот идентитет. Дури тогаш ќе ги браниме и оние кои велат дека сега е млако и треба поостро. Треба мудро и со стратегија до целта и само тогаш ќе имаме успеси, потенцираше Мицкоски.
Дали сето ова вреди?Немам никаква дилема дека вреди. И не се колебам ниту за секунда. Вреди затоа што ако не ние, нема кој друг. А ВМРО е народот, а ВМРО и народот секогаш ги воделе најтешките битки, а ние ќе ја добиеме и оваа битка заедно. Вреди заради младиот Стефан кој го сретнав неодамна, кој вели дека се вратил во својата родна Македонија, за да го прослави 8-ми Септември и ми рече дека денеска ќе биде вде во Битола. Ако е тука го поздравувам. Вреди и поради младите луѓе таму некаде кои низ градовите и селата на нашата земја кои вечерва мечтаат за подобар живот, за повеќе шанси, кои живеат во надеж која не смееме и немаме право да ја срушиме. Вреди и за работникот кој со пот печали и се надева на подобро утре. Вреди и поради нашите деца и нивната иднина, додаде Мицкоски.
Comments are closed for this post.