На вечерашниот митинг од Демир Хисар, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски говореше и за луѓето кои сакаат да ги бојкотираат изборите и повикуваат на таков бојкот.
Ќе се појават и такви кои ќе речат дека ќе ги бојкотираат изборите за да не ја легитимираат придавката на новото име. Во ред, ги разбирам тие луѓе. Се поголем број од нив се откажуваат и ни се придружуваат. Тие кои се автохтони, добронамерни ни велат дека имаме заеднички политички противник и мораме заедно да се обединиме и да го победиме.
Единствена шанса е тоа да го направиме на 21-ви април и на 5-ти мај. Шансата е единствена бидејќи од внатре се менуваат работите, а не од надвор. Но, има и такви кои глуматараат загрижени патриоти. Со сценарија подготвени на Бихаќка, со единствена цел да внесат немир и раздор помеѓу вистинските Македонци, помеѓу сите Албанци, Турци, Роми, Власи, Бошњаци кои си ја сакаат Македонија и им е преку глава од сите омаловажувања, понижувања и криминал кои денеска се секојдневие во Република Македонија. Тие сакаат да излезат на 21-ви април и да го казнат Заевизмот поддржувајќи ја професорката Гордана Силјановска Давкова и правда во Македонија. Таа група на луѓе кои имаат подготвени сценарија на Бихаќка, ова нема да им го заборавиме и ќе им го паметиме, порача Мицкоски.
Comments are closed for this post.