На собир во Центар, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, истакна дека оние стотици илјади кои не гласаа за Заев и оние стотици илјади гласачи кои останаа дома не се никакво зло, како што ги нарекува Заев, туку тоа е Македонија која се обедини против него.
Зоран Заев во писмото кое го напишал и испратил до неговото членство, на индиректен начин вели дека тие што не гласале за него, биле злото. Јас не мислам така, јас велам тие 400 илјади кои излегоа и не гласаа за Заев и тие милион гласачи кои одлучија да останат дома не се никакво зло, тоа е Македонија. Тоа е Македонија која бара помени и иднина. Македонија која се обединува против Заев и вели доста е. Доста е од се што до сега видовме – истакна Мицкоски.
Тој вели дека со Заев како премиер, Шилегов како градоначалник и СДСМ како власт сосема е извесно дека може да има прогрес само на криминалите, тендерите и неисполнетите ветувања.
Прогрес на аферите кои се случуваат неколку десетици неделно, на лагите, разочарувањата, а власта не сфатила ништо, туку продолжува со уцените, заканите, со злоупотребите на полицијата во изборите, со купување на гласови, со потценување на народот, со третирање на гласовите како да им се во џеб и нивна приватна сопственост.
И додека целата кампања Заев додека збореше за минатото, за некакви минати времиња, сеништа, ни лепеше етикети, само формално велеше дека му се обраќа на народот, народот во неделата му се обрати на Заев. Следното обраќање на народот следува на 31 октомври кога во огромно мнозинство треба да излезе и да се определи за нова иднина – истакна Мицкоски.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ посочи дека клучот е во излезноста и порача дека негативната кампања не треба да ги одврати граѓаните, затоа што власта само со поткуп и притисоци има намера да го обезвредни гласот на граѓанинот.
Одговорот мора да е масовна излезност, бидејќи сме на само на чекор од целта. Победа за нова иднина. Победа за нов почеток и нова надеж – порача Мицкоски.
Comments are closed for this post.