Доаѓа денот кога од прв до последен ќе одговараат пред законите, порача од митингот во Кратово, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
„Ќе дојде денот кога ќе одговараат зошто се срамеше Заев да ја интонираат македонската химна и „Денес над Македонија се раѓа“ пред Владата, зошто не ја постоја македонската гарда и воениот оркестар да ја интонира македонската химна? Ќе дојде денот кога за тоа ќе одговараат од прв до последен, а што направија? Се обидоа да го излажат македонскиот народ дека немале време за интонирање на македонската химна за да не му било незгодно на неговиот нов пријател на Заев. Тоа е тој истиот Зоран Заев кој не убедуваше дека го забетонирал идентитетот и не што само го бетонирал, туку го зајакнал со арматура“, рече Мицкоски.
Тој потенцираше дека ништо од ветувањата на власта за живот.
„Ветуваа живот, а пекол направија. После две години секој граѓанин без разлика на етничката припадност денес знае дека ниту правда, ниту мир било во прашање, ниту живот, туку пусти пари биле во прашање. Затоа ние денеска оваа неправда која што ни се случува треба да ја победиме со правдата која што ќе ја донесе идната претседателка на Република Македонија професорката Гордана Силјановска Давкова“, истакна Мицкоски.
Comments are closed for this post.