Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, на брифинг со новинарите, изјави дека очекува следната година да има предвремени избори.
Мицкоски дури и посочи конкретни датуми – 14 или 21 мај, а според него, кампањата би почнала кон крајот на април.
Состојбата во државата е неподнослива, но така е и внатре во владејачките партии, пред се коалицијата СДСМ-ДУИ и Алтернатива. Потребно е рестирање на системот. Нераелно е она што говори Ковачевски за избори во 2024 година и тоа прво претседателските, а потоа парламентарните – вели Мицкоски.
Во таков случај Мицкоски очекува претседателските избори да бидат неуспешни и фунцкцијата да ја извршува претседателот на Собранието. На тој начин ДУИ покрај функцијата претседател ќе има и технички премиер сосгласно договорот што го имаат со СДСМ.
Comments are closed for this post.