Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на гостувањето на телевизија 21 во емисијата „Клик плус“ се осврна и на евроинтеграцијата на Македонија.
„Доста овој народ, пред се македонскиот народ, но и останатите кои живеат овде во Македонија, правеа отстапки. Доста е веќе. Имавме име кое никој го нема во светот, имавме времена референца, добивме пресуда во Хаг, не убедуваа дека џабе сме ја добие таа пресуда бидејќи во светот на меѓународното право важи правото на посилниот отколку на меѓународното право. Менуваме знаме затоа што некому му пречело, на сила протуркаа промена на Устав, а со цел промена на уставното име и ги убедуваат граѓаните дека тоа е последното, дел сме од НАТО и од ЕУ, поквалитетно здравство, образование. Сакам притисокот да се прави во Бугарија кај оние хегемонистички политичари кои живеат во 19 век, а денес е 21 век. Сакам луѓето кои доаѓаа овде да си го одржат зборот“, рече Мицкоски.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ рече веднаш и одма да се одржи меѓувладина конференција.
„ВМРО-ДПМНЕ не поддржува ниту една национална отстапка. Ние сами со крв и борба сме ја правеле државава, време е веќе и меѓународната заедница да даде, доста веќе само дававаме“, кажа Мицкоски.
Comments are closed for this post.