Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска во рамки на кампањата „Разговори за Обнова на Македонија“ се обрати во Радовиш, се наведува во партиското соопштение.
Дали сте во Битола, дали сте во Струмица, Радовиш, дали сте во Кочани, дали сте во Ресен, дали сте во Крушево, потоа во Охрид , дали сте во Прилеп, Битола, Скопје, Куманово, секаде буквално истото го слушам. Траорен амбиент, секаде ги слушам оние сведочења од нашите сограѓани кои што ми велат дека некој нивен близок ја напуштил Македонија, некој нивен сосед се отселил заедно со семејството, некој нивен син, ќерка ја напуштиле Македонија, вели Мицкоски.
Тој посочува дека тешко се живее затоа што цените одат нагоре, а платата останува иста, беспарица. Луѓето практично се чувствуваат беспомошни поради целиот овој примитивизам, сета она декаденција која што денеска политичарите им ја сервираат, овие од врхушката, од власта, тие кои што треба да бидат пример како треба еден политичар да се однесува, тие кои што треба да даваат насока, стратегија за развој на државата, ние денеска ги гледаме како единственото нешто што им преостанува е она „мало сутра“. Или пак за тепсијата и баклавата. Тоа е политиката кради и бегај. Таа е политиката која денеска ја води СДСМ и Зоран Заев, примитивизам, арамилук, криминал, корупција, понижувања, омаловажувања, декаденција. За жал тоа е нашето секојдневие.
Затоа тргнавме низ Македонија да разговараме со нашите сограѓани, бидејќи сакаме следната предизборна програма да ја пишуваат токму нашите сограѓани, токму вие да ја пишувате. А, ние како политичари да бидеме слуги на народот, и да му служиме на народот, да понудиме решение за овие реални проблеми кои што се наше тешко секојдневие. Јас сум потполно свесен дека ние не можеме се да решиме. Но тоа што не можеме да го решиме, ќе го признаеме и ќе кажеме, ние ова не можеме да го решиме поради тие и тие причини. Или пак можеби нешто ќе понудиме како решение задоцнето, нема да биде сега и веднаш, ќе биде во втората, во третата година од нашиот мандат и тогаш тоа ќе биде дел од нашата програма. Но сакаме честито, и чесно да кажеме, ние нема да ветуваме се, но тоа што ќе го ветиме, тоа и треба да го испорачаме во нашиот четири годишен мандат, објаснува лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.
Ја користам оваа прилика само да ја покажам разликата помеѓу понудата што ќе биде на 12-ти април 2020-тата која што ќе биде пред секој граѓани на нашата татковина, пред секој граѓанин во Македонија. Од една страна имате човек кој што досега безброј пати излажал, кој што се колнел во најмилото, ве гледал во очи и лажел. Човек кој што освен арамилукот, криминалот и корупцијата ништо не може да му биде свето и со ништо нема да бидат одбележани овие три години со ниту еден проект, вели Мицкоски и додава дека втората опција е обновата на Македонија, честитост, чесност. Луѓе кои што гарантираат дека ќе бидат слуги на народот. Луѓето кои што извлекоа поука од грешките во минатото затоа што имаат единствен мотив, а тоа е како да си ја обноват сопствената држава, како да ја обноват Македонија од оваа пустелија која што ја направи Зоран Заев.
Почитувани Радовишани, браќа и сестри не чека период кога е потребно во секоја улица, во секое маало, во секоја куќа да стигне гласот на победничка Македонија. Гласот дека на 12 Април 2020 доаѓа, победува обновата на Македонија. И покрај сите рекетирани пари коишто се ги бројат и пребројуваат и ги дисперзираат насекаде во Македонија сакаат да тргуваат и да поткупуваат за време на предвремените парламентарни избори. И покрај сите оние квинслинзи и слуги коишто крстарат низ медиумите во Македонија нема да ви помогне ништо. Готово е завршено е, доаѓа Обновата на Македонија, а потоа одговорност од прв до последен јас ви го ветувам тоа – нагласи Мицкоски.
Првиот чекор е 12 Април 2020, да ги поразиме овие арамии и предавници, а потоа да ги засукаме ракавите и работа, работа и само работа да си ја обновиме државата. Да ни е жива и здрава Македонија!Да ни е вечен Радовиш и Радовишани! Се гледаме во победнички Радовиш на 12 Април 2020, рече Мицкоски во Радовиш.
Comments are closed for this post.