Јавно ќе прашам, зошто досега се направени само околу 260 тестови? Одговорот е – затоа што немаат тестови. Се тестираат само најакутните случаи“- вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во интервју за Дојче Веле.
Состојбата со коронавирусот ги стави на жешко столче надлежните во повеќе ресори, а не е помалку жешко ниту на релација опозиција – власт. Мицкоски во интервју за „Дојче веле“ објаснува за причините поради кои опозицијата последниве денови упатува жестоки критики на адреса на власта, за начинот на кој Владата се справува со епидемијата на коронавирусот.
Седум дена ги повикуваме да разговараме. Седум дена трае игнорантскиот однос кон нашиот повик. Седум дена траеше „медениот месец“ на Филипче и останатите од власта. Тој меден месец заврши. Не можеме да аплаудираме. Мора реално да гледаме на состојбите во државата. Јавно ќе поставам прашање: со колку здравствен персонал – лекари и средномедицински кадар, располага здравството? Колку епидемиолози има? Каде се ангажирани тие? Зошто досега се направени само околу 260 тестови? Одговорот е јасен: затоа што немаат тестови. Се тестираат само најакутните случаи, и оние кои имале контакт со заразен. А, стотици луѓе се вратија од ниско и високоризичните држави“-вели Мицкоски за Дојче Веле.
Comments are closed for this post.