Христијан Мицкоски не отстапува од намерата да го спречува членството на Македонија во НАТО и ЕУ. Колку што Македонија е поблиску до остварување на генерацискиот сон на нашиот народ, толку понервозни стануваат Мицкоски и антизападното раководство на ВМРО-ДПМНЕ. Тоа е типично деструктивно однесување на антизапдните пиони, изјави на денешната прес-конференција во Собранието портпаролот на СДСМ и пратеник Костадин Костадинов.
Тој рече дека Мицкоски и раководството на ВМРО-ДПМНЕ имаат само една цел да предизвикаат тензии омраза и насилство преку кои ќе се обидат да ја блокираат иднината на РМ. И оти работи, како што рече, исклучиво под директива на неговите шефови кои се противат на успехот на Македонија и со тоа ги загрозуваат највисоките државни и анционални интереси, а тоа се члнеството во ЕУ и НАТО.
– Мицкоски денеска потврди дека стои зад анти НАТО и анти ЕУ-протестите на кои се повикува на насилство, се шири говор на омраза и се дејствува деструктивно. Стои рамо до рамо со антизападните пиони Бачев и Петровски. Но, тој самиот знае исто како што знаат и сите граѓани, дека антизападната агенда во Македонија не поминува. Македонија расчисти со изолацијата, неправдата и Груевизмот. И граѓаните и пратениците се уверени дека идната на Македонија се ЕУ и НАТО преку прифаќање на Договорот од Преспа. Мицкоски нема да ја блокира иднианта во ЕУ и НАТО, ниту да го попречи напредокот, рече Костадинов како реакција на денешната изјава на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ за уставните измени.
Костадинов ги повика граѓаните да останат смирени и да не подлегнуваат на провокации и сеење омраза, да бидат спокојни и горди бидејќи, како што наведе, Македонија оди напред во ЕУ и НАТО и станува глобална и напредна држава
Портпарололт на СДСМ Костадинов на прашање од новинарите изјави дека преговорите со БЕСА се уште траат и се очекува по завршување на состаноците да биде соопштен официјалниот став од партсискиот лидер и премиер Зоран Заев.
На новинарско прашање дали постојат закани од независната група пратеници на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата дека нема да гласаат за уставните измени доколку биде прифатено барањето на БЕСА во делот на државјанството Костадинов рече дека не постојат никакви закани.
-Отпочнувајќи го овој процес отворивме ново поглавје во РМ. Интеграцијата на РМ во ЕУ и НАТО треба да бидат наш главен мотив при гласањето. Јас очекувам дека сите пратеници без разлика од која политичка партија или етникум доаѓаат, или на верската определба ќе се идигнеме над нашите партиски интереси и конечно ќе ја поведеме РМ на прав пат, а тоа е она што значи национален консензус околу интеграцијата во ЕУ и НАТО, вели Костадинов.
Тој исто како и генералниот секретар Александар Кирацовски порано денеска, изрази оптимизам дека за уставните амнадмани ќе гласаат над 80 пратеници
Comments are closed for this post.