Заев заборави на граѓаните за сите оние шарени лаги што им ги кажаа на граѓаните изминатите години за пусти пари и привилегии. По формирањето на владата од страна на ВМРО-ДПМНЕ ќе треба од пепел да ја креваме Македонија, истакна лидерот на партијата на митингот во Центар.
Тој нагласи дека едно од ветувањето на власта било рестартирањето на Југохром но од тоа не бидна ништо иако вела дека оттаму доаѓа загадувањето. Ветуваа и гасофикација, вели Мицкоски но и од тоа нема ништо.
Се сеќавате на она блескаме насекаде во светот.Вчера светска банка не потести колку блекаат, 88-ми сме со Танзанија и Гвинеја.Не блескаме во светот, блеска Зоран Заев дотеран во одело со лептир машна додека го газиш дебелиот црвен персијанен на Бал во Виена-рече Мицкоски.
Comments are closed for this post.