Во гостување на ТВ21 во емисијата „Клик плус“ претседателот на ВМРО – ДПМНЕ, Христијан Мицкоски истакана дека народот е уморен од политичари кои од голтари кога влегле во политика, станале милионери, додека народот е се посиромашен.
Некои се денарски милјардери, но секако и милјрдери во валута офицајлна на Европската Унија, погледнете ги имотните листови, не треба да бидете многу аналитичен и да видите, почнете од оној просечен бизнисмен политичар што беше, па завршете со денешните политичари на власт, погледнете ги нивните имотни листови. Еве, ние како политичка партија за дел од официјалните лица, денеска извадивме. За сите политичари, па нека се и наши членови и наши функционери, ако има случај, ако влегле голтари во политиката и излегле милионери мислите дека ќе ги штедиме? Не, и тие треба да бидат на судот на јавноста, затоа што народот е уморен, народот е уморен повторно ќе кажам од луѓе кои што влегле во политика голтари а излегле од политика милионери – нагласи Мицкоски.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, додаде и дека додека некои од политичарите од голтари станале милионери, народот е се посиромашен.
Јас тоа не го кажав за да бидам интересен или да бидам политичар којшто кажал нешто па сега ќе предизвика некаде хумор, некаде критика, туку, тоа го мислам и врз основа на тоа што сум го анализирал. Погледнете ги возните паркови, погледнете како живеат и каде живеат луѓето, а народот е се посиромашен од друга страна – заклучи Мицкоски.
Comments are closed for this post.