Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска беше во посета на Петровец од каде што истакна дека Македонија во моментов е окупирана од целосно неспособна и криминална власт предводена од аболицирани политичари до гуша вплеткани во криминални афери и политички криминал.
На овие избори, рече тој, граѓаните имаат еден избор бидејќи на една страна се наоѓаат неправда, криминал и понижувања предводени од политичари од транзицијата на СДСМ и Зоран Заев, а од друга страна се наоѓа правна држава со чесни политичари од ВМРО-ДПМНЕ чија главна водилка во работата ќе бидат честа и достоинството.
– Ветуваа буквално се, се сеќавате дека велеа ќе донесат живот во Македонија и едно општество за сите, ама излезе едно општество за едно семејство, некако само тоа семејство да живее се поубаво пораскошно и подобро, а сите други живеат во беда разочарани да ја напуштаат државата, изјави Мицкоски
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ додаде дека наместо правда и реформи во правосудството СДСМ, како што потенцира, донело „трас трас“ судски одлуки кога требало да се тргува со честа и достоинството и на брутален го смениле Уставот. Носеа, рече, закони по мерка на Заев, како и ослободителни пресуди за Поткуп.
– Кога станува збор за обвинителството тука ја проширија и ја надградија работата, донесоа уште поголем срам со куфер Луј Витон и неколку стотици илјади банкноти во евра. Таква реформа донесоа во обвинителството, го трансформираа во Луј Витон обвинителство, а во судството донесоа „трас трас“ реформи кои ним им донесоа слобода, а за граѓаните донесоа репресија страв и криминал, изјави Мицкоски
Мицкоски истакна дека тоа ВМРО-ДПМНЕ ќе го промени, ќе донесе вистински реформи во судството и обвинителството бидејќи правната држава е најважна за да може вистински да започне обновата на државата, обнова која ќе има над 1000 проекти со кои ќе се подобри животот на секој еден граѓанин во Македонија.
– Се обврзуваме на минимум 25 отсто поголема просечна плата во рок од еден мандат, минимум 20 отсто поголеми пензии за пензионерите и враќање на стариот закон кога два пати годишно растеа пензиите, најнизок данок во Европа од 8 отсто, невработеност под 10 отсто, за младите оние кои ќе вработат човек до 29 години 0 проценти данок, за угостителите и хотелиерите кои се погодени од кризата ќе се намали ДДВ од 18 на 10 проценти до крајот на 2021 година, рече Мицкоски.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ се обврза и за студентите да обезбеди ослободување од партиципација во учебната 2020/2021, а нашите иселеници кои сакаат да инвестираат тие инвестиции ги донесат и бидат безбедни и сигурни.
– Минимум четири милијарди евра домашни, но и странски инвестиции, реформи во здравството каде што тоа ќе биде ориентирано кон пациентот, ќе најдете минимум 640 милиони евра за земјоделците субвенции, загарантиран откуп и пласман на производот, за да не ги фрлаат производите по реките и патиштата како што тоа го правеа досега, изјави Мицкоски.
За ова да се оставри, рече Мицкоски, потребно е да се излезе масовно на 15 јули и да се гласа за број 14 и да се поддржи Игор Јанушев кој ја предводи листата на ВМРО-ДПМНЕ, за да може уште веднаш да започне Обновата на Македонија
Comments are closed for this post.