„На Зоран Заев и Стево Пендаровски од денеска им почнува вистински политички пекол кој што ќе го предводи ВМРО-ДПМНЕ, како најголема политичка сила во Република Македонија“, порача вечерва лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Стево вели слушајте го врховниот командант, јас велам, слушајте го народот. Картата е црвена, тоа е победа во најголем број на општини. Ако имаше парламентарни избори, партијата која народот ја избра на овие избори и која ќе освоеше најголем број на мандати е ВМРО-ДПМНЕ“, рече Мицкоски.

Тој истакна дека продолжуваат да работат со поголема енергија за победа на следните парламентарни избори.

ВМРО-ДПМНЕ и Сиљановска победи во Зелениково, Аеродром, Гази Баба, Ѓорче Петров, Кисела Вода, Сопиште, Петровец, Илинден, Битола, Велес, Кавадарци, Гевгелија, Охрид, Ново Село, Прилеп, Кочани, Свети Николе, Штип, Валандово, Босилево, Вевчани, Градско, Дебарца, Зрновци, Македонски Брод, Неготино, Могила, Пехчево,Пробиштип, Росоман“, рече Мицксоки.

Според него денеска имало нерегуларности,закани притисоци, како што реќе веројатно и брзи прсти, индиции за поткуп.

Ова не се европски вредности, ниуту македонски вредности. Затоа на Македонија и требаше техничка влада која ќе гарантира сигурност. Но Заев избега од предвремени избори иако велеше дека ќе ме прегази“, рече Мицкоски.

И се заблагодари на професорката Гордана Сиљановска Давкова

Професорке вие сте жена за пример. Чесна и со екстремно цврст морал. ВМРО-ДПМНЕ и јас сметаме на вас, на вашето знање. Вие сте хероината на народот. Фала Ви за се што направивте“, рече Мицкоски.