Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во Брисел оствари средба со потпретседателот на Европската Народна Партија и претседавач со Комитетот за меѓународни односи при ЕП, Дејвид Мекалистер и известувачот од ЕП за Македонија, Иво Вајгл, Европратеникот Андреј Ковачев како и со претседателот на европската народна партија, Жозев Дол. Предмет на интерес ќе бидат актуелните случувања во Република Македонија.
Во текот на вчерашниот ден делегацијата на ВМРО-ДПМНЕ која ја предводи Мицкоски, а во чиј состав се потпретседателот Николоски и меѓународниот секретар Муцунски оствари средба со пратениците Кукан, Звер, Дара Мурфи, Потпретседател на Европската Народна Партија и директор на кампањата за следните избори како и останати претставници на Европската Народна Партија.
По средбите Мицкоски посочи дека владеењето на правото и правната држава се загрозени во Македонија.
Ги запознав моите соговорници за нашите стравувања дека Зоран Заев бегајќи од предвремени избори сака да ги украде претседателските избори, односно истовремено сето она кое што се случуваше изминатиот период да биде определен вид доказ за неговите намери да ги украде претседателските избори. Организирањето на фер избори мора да стане услов за напредок на европските интеграции, истакна Мицкоски.
Вчера Мицкоски имаше и средба со „Copa & Cogeca” најголемата лоби организација и формално признаен претставник на агро прехранбениот сектор во ЕУ. На средбата се разговараше за политики во земјоделието кои би можеле да се пресликаат во Македонија, а се резултат на искуствата во земјите од ЕУ
Comments are closed for this post.