Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски оствари средба со министерот за Европа на СР Германија, Михаил Рот. На средбата присуствувале и потпретседателите Александар Николоски и Владо Мисајлоски и секретарот за меѓународна соработка Тимчо Муцунски.

На средбата  Мицкоски го запознал Рот со политичката ситуација во земјата, но и недемократскиот однос на власта.

Мицкоски се заблагодарил за поддршката која ја добиваме од СР Германија во евроинтеграциските процеси, при што нагласил дека ваквата соработка треба да се развива уште повеќе во иднина.

Во однос на претстојниот самит на ЕУ, Мицкоски кажал дека Македонија заслужува да добие датум за отпочнување на преговори.