На средбата тој посочи дека бруталноста на неправдата може единствено да се порази со отпор, со неоткажување и борба до победа, за вистинска правда.
Не смееме никогаш да се откажуваме од она за што мислиме дека е правилно и за што вреди да се бориме, вели Мицкоски.
Лидерот на ВМРДО-ДПМНЕ истакна дека победата ја носат храбрите и мотивираните. Победуваат оние чија љубов кон татковината е поголема од самоволието на власта.
Не победуваат ниту побројните, ниту помоќните, победуваат оние кои се храбри и оние кои што се мотивирани, додаде тој.
Мицкоски потенцираше дека мора да се застане цврсто на нозе, рамо до рамо и да продолжиме да се бориме затоа што се бориме за сонот за Македонија.
И како ќе минуваат годините секој еден од нас ќе може да каже дека сме застанеле цврсто, сме се спротивставиле и победиле, вели тој.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ констатираше дека претседателските избори се шанса за цврсто и одлучно да се порази Заевизмот. Овие избори се шанса граѓаните да се изборат за правдата и правдината, за човечкото достоинство и честитост.
Comments are closed for this post.