Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ е убеден дека ќе го има народот на своја страна на претстојните избори на 12 април. Вели легитимно е политичките партии меѓусебно да флертуваат. Се обидуваат да создадат некакви односи, дали тие односи ќе бидат пред или постизборни. Тоа е одлука на тие партии кои влегуваат во еден таков ангажам.
-Јас се сеќавам во неколку наврати каков беше односот на Зоран Заев и СДСМ кон политичката партија БЕСА. Ќе се вратиме во 2016 година, па и неколку наврати потоа. Се преземаа обврски, но испораката ја немаше. Верувам дека на политичарите од политичката партија БЕСА исто така им се свежи тие сеќавања и ќе бидат овојпат повнимателни кога ќе влегуваат во договарања и разговори со господинот Зоран Заев – рече Мицкоски.
Тој зборуваше и за преговорите на ВМРО-ДПМНЕ за евентуални коалиции, при што изјави:
Ние преговараме со повеќе политички партии кои би влегле со ВМРО-ДПМНЕ во предизборна, поизборна коалиција. Сите тие политички партии имаа еден круг разговори со Комисијата којашто ја определи партијата, во која е и потпретседателот Александар Николоски, потпретседателот Владо Мисајлоски, пратеникот Антонио Милошоски, пратеничката Дафина Стојановска. Отприлика ги видовме нивните очекувања какви се. Во периодот што следи ќе дадеме одговор на нивните очекувања. Што се однесува до програмите, ние се уште немаме можност да ги видиме програмите на другите политички партии за да може да кажемедали тие програми со контактибилни.
На крај додаде:
Често пати господинот Зоран Заев говореше многу работи па јасно беше дека тој не ја говореше вистината, потоа покажуваа настаните дека не ја говореше вистината, претпоставувам дека така е и сега. И ние имаме широка лепеза, вака баловски да се изразам со неговиот жаргон. Но, јас би почекал да се случи најголемата коалиција на 12-ти април, а тоа е коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ со граѓаните, да се случи таа победа која што сите ние со граѓаните ја очекуваме во Македонија, а потоа ќе зборуваме за било какви прекројувања, лепези и слични работи.
Comments are closed for this post.