Тоа што се случува во Украина служи за дефокус од реалните проблеми кои ги живее македонскиот граѓанин без разлика на неговата етничка припадност и најитересни се оние глодари кои го делат народот на проруски и проукраински и внесуваат поделба наместо да обединуваат, објасни лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во емисијата „Јади Бурек“.
Тие партиски глодари треба да знаат дека на овој народ му е преку глава од поделби.Слушнав една изјава од Пендаровски каде со жалење констатира дека народот во Македонија бил проруски ориентиран и поглупава изјава од државник не сум слушнал. Не е народот проруски, ниту проукраински туку е промакедонски. Колку повеќе читаат статуси од Заев, од Ахмети, од Артан Груби, од Османи , Ковачевски, Пендаровски „слава Украини“ толку повеќе во знак на револт заземаат таква страна.Тоа е револтот кон политиките од оваа власт
Comments are closed for this post.