Почитувани драчевчани, благодарам што одвоивте дел од вашето ценето време и што денеска сте овде со нас, да можеме да се слушнеме да поразговараме за обновата на Македонија, обновата која што многу скоро, за неколку месеци од денеска ќе стане реалност. Но, и навистина е еден огромен предизвик за нас бидејќи ќе треба државата да ја креваме од пепел, од онаа пепел која што овие денеска кои што водат владата на Македонија, Заев и СДСМ ќе ни ја остават – изјави Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски за време на неговата денешна посета на Драчево. Тој понатаму истакна:
Затоа ни се важни овие средби за да може да научиме кои ни се вистинските проблеми, не дека не ги знаеме. Морам да признаат дека најголемиот дел од тие проблеми ние ги живееме и се дел од нашето секојдневие, практично, но кога ќе се видиме вака очи во очи, гради во гради ќе можеме заеднички да размениме искуство за сето она кое што претставува реален проблем и за вас, во вашето секојдневие, но и за нас како политичари, дел од нас како луѓе кои што се занимаваат и со поинаква професија, еве јас сум педагог, работам и на Универзитет, работам со студенти и секојдневно некако во разговорите со овие млади луѓе добивам навигација за вистинскиот живот, за вистинските проблеми кои што се денеска реалност!
Кога ја почнавме оваа акција многумина гледаа со скепса, беа резервирани, велеа добро сега што е ова, што им текна разговори за обнова на Македонија, но морам да признаам дека денеска веќе бројката е далеку над 15.000 проблеми кои што нашите сограѓани ширум нашата држава ги доставија до нашите тимови до ВМРО-ДПМНЕ, и тоа практично треба да биде нашата водилка во периодот кој што следи посебно во оно првиот интерактивниот дел кога ќе треба да ја подготвиме нашата предизборна програма, а која што ќе биде фокусирана исклучиво и во насока на решавање на реалните проблеми на граѓаните. Затоа што ние може да имаме реторика, може да имаме демагогија, може да имаме филозофија дека сме биле на прав, на крив пат и дека да бидеме вакви или онакви, но доколку ние решиме проблем на еден наш сограѓанин ние сме среќни. Додека решиме 100 тогаш ние ќе бидеме повеќе од среќни, но ако решиме илјада такви проблеми, тогаш ќе кажеме дека ние сме блиску до тоа и дека можеби ни недостасува уште многу малку за да успееме – потенцираше Мицкоски и подвлече:
А ќе успееме кога Македонија ќе ја направиме навистина пристојно место за живеење, место каде што сите оние наши соседи, наши роднини колеги, пријатели, познаници, изминативе месеци, изминативе години ги напуштија родните огништа, ја напуштија нашата држава и денеска практично се наоѓаат некаде во западна Европа, се наоѓаат некаде во Австралија, Нов Зеланд, Канада, САД во потрага по подобар живот. Тоа е она кое што за нас претставува вистински предизвик и тогаш можеме да кажеме дека ние сме успеале, кога ќе и видиме тие луѓе како назад се враќаат во државата која што ја напуштија, како назад се враќаат во Македонија заедно со нивните семејства и тука ќе го продолжат живото кој што го почнале. Тогаш можеме да кажеме сите заедно, да успеавме, и ние како политичари ќе бидеме поинакви од сите останати политичари. Ќе успееме кога на студентите ќе им овозможиме подобро и поквалитетно образование. Тоа што ќе го ветиме и за тоа за кое што сега ќе се обврземе во овие разговори за обнова на Македонија да го исполниме. Кога ќе ги реновираме студентските домови, кога нашите универзитети ќе ги видиме меѓу најмалку илјада универзитети кои што се рангирани на Шангајската листа. Кога ќе ги видиме нашите матуранти како се натпреваруваат да освојат повеќе поени за да бидат стипендисти дали на државата дали на некоја новоотворена фабрика. Кога ќе ги видиме нашите апсолвенти како сакаат понатаму да го продолжат нивното образование на постдипломски студии. Кога ќе ги видиме магистрите како сакаат да го продолжат нивното понатамошно образование на докторски студии. Тогаш ќе речеме дека сме успеале и навистина овие разговори за обнова на Македонија довеле до резултат.
Можеме да кажеме дека сме успеале кога нема ветуваме дека ќе направиме во нашиот мандат 500 евра просек плата за вработените, а ќе оствариме да биде многу повеќе над 500. Кога во нашиот мандат нема да велиме дека ќе имаме неколку проценти раст на БДП, а ќе направиме многу повеќе од тоа што ќе го ветиме. Кога нема да ветуваме она кое што го ветуваа нашите политички противници а направија сосема спротивно. Се сеќавате кога ветуваа дека подеднакви услови ќе имало и за домашните и за странските инвеститори, а денеска еве и вчера за време на нашата прес конференција видовте дека не само што не успеаја во годината во која што ја нарекоа економска година и економски бум поради придобивките од политиките на СДСМ и Зоран Заев, не само што не успеаја да направат подобри и поконкурентна средина туку и паѓаат на статистиките на релевантните институции. Нема ниту домашни а нема ниту странски инвестиции – рече Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.
Ние ќе речеме дека сме успеале кога без да го ветиме тоа во бројки ќе го оствариме. Ќе успееме кога од овие разговори за обнова на Македонија на докторите наместо да бараат виза во некоја од амбасадите и работна дозвола кои што се овдека сместени во нашата држава ќе им обезбедиме услови кои што нема да ги ветиме а ќе испорачаме многу повеќе од тоа. Или пак ќе ветиме а ќе испорачаме многу повеќе од тоа што сме ветиле. Кога сите оние доктори и медицински персонал кои што изминативе три години ја напуштија нашата држава ја напуштија Македонија и денеска се некаде таму во клиниките во Западна Европа на континентот во Америка, Канада, Австралија и Нов Зеланд кога ќе си ги вратиме назад овдека во нашите реновирани клиники во еден современ реновиран Клинички Центар во клинички болници ширум Македонија е тогаш можеме да кажеме дека сме успеале и дека овие разговори за обнова на Македонија довеле до плод. Ќе успееме кога земјоделците денеска наместо да ги тепаме ќе им овозможиме подобри услови за работа, ќе успееме кога на земјоделците наместо денеска да ги стопираме со тешко наоружани полицајци за да не фрлат по некој домат кон зградата на владата се сеќавате оној истиот премиер кој што ја тргаше оградата а денеска се плаши од домати да не завршат на истата таа ограда па мораше да ангажира тешко наоружани полициски сили да ги спречат земјоделците.
Ќе успееме кога ним ќе им овозможиме подобри услови да можат да ја хранат нашата држава , да ја хранат Македонија а доколку обезбедиме услови а јас се обврзувам дека ќе обезбедиме и навремени субвенции и поголеми субвенции и сигурен пласман и ќе работиме на тоа да го обезбедиме затоа што кога се сака се може ќе ја хранат Европа и светот не само Македонија ќе ја хранат Европа и светот. Кога земјоделието ќе го направиме достоинствена професија а не денеска вака клекнато, понижено и омаловажено како што е па уште да му праќате на земјоделецот наоружани полицајци да го малтретираат и да не му дозволуваат слободно да се движи. Ќе успееме кога нема да одиме во крајноста на антиквизацијата но истовремено нема да одиме во крајноста и на севернизацијата туку ќе одиме право во срце и ќе го промовираме македонизмот, македонизмот кој што ќе биде основна алка која што ќе ги обединува сите граѓани на Македонија без разлика на нивната етничка припадност, посочи Мицкоски и додаде:
Како ќе успееме со македонизмот, ќе успееме така што ќе ја вратиме правната држава , држава во која што ќе владее правото , каде што ќе нема привилегирана каста на луѓе и политичари , каде што секој оној кој што се огрешил пред законите и се осрамотил пред граѓаните ќе одговара без политичка интервенција. Тоа е првиот чекор за да успее македонизмот , тоа е срцето на Македонија , како да успее македонизмот , сето останато е политичка алатка и лага. Не постои другото, постои само македонизмот кој што за жал поради целиот овој срам понижување и омаловажување што ни се случува трета година по ред , поради сите овие погрешни политики на овие слуги со свиткани кичми денеска народот во нашата држава е разочаран , народот во нашата држава не гледа перспектива и затоа го потиснаа и го заборавија македонизмот. Овој народ, овие луѓе кои денеска се во Македонија, но и сите Македонци во светот без разлика каде се наоѓаат се горди промотори на македонизмот и ние како политичари и вие како луѓе треба тоа да го стимулирате. Но за тоа да се случи и тоа да биде реалност, најпрво треба да се порази овој трул систем кој што го потиснува тој македонизам со лаги, свиткана кичма, понижување, омаловажување, арамилук, криминал и корупција. Е тоа е она кое ние денеска го промовираме во Македонија. Македонизмот назад во Македонија, наместо севернизицијата и антиквизацијата. Тоа е она за кое ние се бориме. Македонизмот.
Почитувани драчевчани со силна економија, Македонија економски тигар на Балканот, технолошки гигант и џин на Балканот, Македонија со реформирано образование, Македонија со реформирано и силно здравство со мотивирани доктори и медицински персонал, Македонија каде што правосудството ќе обвинува и ќе суди по закон каде што ќе бидат ослободени од политички стеги и притисоци. Македонија каде што луѓето ќе се чувствуваат како Македонци без да се срамат да кажат дека се Македонци и гордо со крената глава достоинствено ќе се исправат и ќе кажат, да ние сме Македонци од Македонија кои говорат македонски јазик – изјави Христијан Мицкоски кој посочи:
Сите оние кои што ви велат дека е тоа невозможно, сите кои ви велат дека не можеме да успееме и како народ и како држава, сите тие се жртви на лошата и погрешна пропаганда на Зоран Заев и СДСМ. Јас стојам пред вас и ви велам и ви ветувам, заедно за неколку месеци од сега од овој ден, народот и најголемата коалиција која што ќе ја предводи ВМРО-ДПМНЕ ќе го порази Зоран Заев и СДСМ и ќе го прати во политичка пензија, а потоа сите оние кои се огрешиле пред законите, сите оние кои се осрамотиле пред вас граѓаните, пред нас граѓаните, ќе одговараат од прв до последен. За сиот криминал, за целото понижување, за целокупното национално предавство, за сиот арамилук и за целата корупција која што денес е опсипана со канџите на октоподот, а главата на октоподот шета низ Македонија и денеска е во Прилеп и сее празна слама и ветува нешто кое повторно ќе го рецитира исто како што го рецитираше пред три, четири, пет години за пуста власт, за пусти пари и за пуста фотелја. 12-ти април лето Господово 2020 година се обединува народот во Македонија со ВМРО-ДПМНЕ и најголемата коалиција. Доаѓа обновата на Македонија!
Мицкоски подвлекува дека потребен е секој човек, нема луѓе кои се непотребни, секој човек е потребен без разлика дали е ВМРО-ДПМНЕ или дали е граѓанин кој што е разочаран од политиките на СДСМ и Зоран Заев.
Без разлика дали е во нашиот, вашиот или нивниот или во некој друг двор. Секој човек денеска треба да се обедини за подобра иднина на Македонија. Секој човек денес треба да се обедини без разлика на етничка или верска припадност, денеска на Македонија и треба секоја една клетка, секој еден атом, секој еден граѓанин да се обедини за голема победа на 12-ти април 2020 година. Ја користам оваа прилика на сите вас овде од Драчево од Кисела Вода од Скопје да ве поканам дојдете со нас придружете ни се сите вие сте и потребни на Македонија удри часот дојде моментот да се рашири низ улиците низ маалата низ плоштадите по градовите и селата, доаѓа обнова на Македонија и никој повеќе не може да ја сопре таа обнова. Победува ВМРО-ДПМНЕ со најголемата коалиција.
Ја претворија иднината на оваа држава иднината на граѓаните во сопствен приватен бизнис. Ја претворија државата во пашалук. На малкумина љубители и обожаватели на ликот и делото на Зоран Заев. Битката за Европската Унија основната цел која што беше на ВМРО-ДПМНЕ од нејзиното формирање јуни деведесетата година кога овие од СДСМ југоносталгичарите уште се колнеа во Белград и Москва ние бевме тие кои велевме дека нашата иднина е Европската Унија и Брисел тоа се луѓето кои што сакаат денеска да ја приватизираат иднината на нашиот народ иднината на граѓаните на Македонија – рече Мицкоски.
И денеска европската иднина се претвори во политичко да се биде да или не на Зоран Заев, не драги мои драчевчани не е тоа вистината, Зоран Заев одамна нема да го биде. Не треба никој од нас да биде среќен зошто ние добивме не во Брисел. Треба да сме сите тажни добивме не поради корупцијата, арамилукот, пашалукот и криминалот на тој што сакаше да ја приватизира европската иднина на нашата држава и на нашите граѓани. Затоа добивме не, се останато е едно големо да, затоа што ние сме граѓани на Европа ние припаѓаме во Европа и таму е нашата иднина затоа доаѓа обновата на Македонија и загарантирана европска иднина за сите граѓани на Македонија бидејќи сите вие сите ние сме европски граѓани и заслужуваме таква иднина со систем на вредности кој што е многу поразличен од тоа што денеска го нуди Зоран Заев и СДСМ. А за тие кои што несмасно ја приватизираа агендата за европската унија веднаш после промената на власт и формирањето на новата влада која што ќе ја предводи ВМРО-ДПМЕН јас ви гарантирам отчетност пред вас граѓаните и за секоја сторена грешка одговорност од прв до последен. Ќе повторам секој што се огрешил пред законите и осрамотил пред нас граѓаните за тоа ќе сноси одговорност и ќе одговара. Нема веќе политички касти и политичари кои што се заштитени. Секој мора кога ќе се обврзе пред граѓаните кога ќе даде заклетва во парламентот да знае дека ако греши ако злоупотребува има да одговара. Јас тоа ви го ветувам после големата победа на 12 април 2020 година – посочи лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и потенцираше:
Почитувани драчевчани почитувани браќа и сестри уште еднаш на крај би сакал да ви се заблагодарам што одвоивте дел од вашето време да бидете овде со нас оваа сабота да не поздравите да ни дадете поддршка но истовремено да ни дадете по некој совет задно да растеме во периодот кој што следи за доброто на Македонија и за доброто на сите граѓани на Македонија уште еднашка ви благодарам од срце и ве молам за обединување сите за еден, еден за сите не постои некој кој е повеќе или некој кој е помалку потребен сите се денеска потребни на Македонија. Да ни е жива и здрава Македонија. Да си го чуваме и градиме, и зголемуваме ВМРО-ДПМНЕ. Затоа што ВМРО-ДПМНЕ е генот. ВМРО-ДПМНЕ е срцето и душата на Македонецот. Без оние метафизички, помалку комични објаснувања за срцето, душата и петата на Зоран Заев. Едноставно ВМРО-ДПМНЕ победува на 12 април 2020-тата година – истакна лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за време на неговата средба со драчевчани
Comments are closed for this post.