Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, смета дека со најавите и заканите за тужби против одредени новинари и медиуми, генералниот секретар на влдата, Драги Рашковски покажува голема немоќ. Во интервју за телевизијата „Алфа“, Мицкоски го повика Рашковски, како и другите политичари, како луѓе што се определиле да вршат јавна функција, да покажат достоинство и да ги прифатат критиките од страна на јавноста.
Сум бил и јас мета на новинарски напади, но никогаш не ми паднало на памет да тужам новинар или да се зканувам. Можеби ќе го поканам лично да разговараме, да презентирам докази дека тоа што го зборува не е вистинито. Разочарувачки тажно беше да се слуша примитивниот напад на прес-конференцијата. Апелирам сите политичари кои се одредиле да бидат политичари, да вршат јавна функција, логично е да бидат на мета на јавностаа, на новинарските пера, но ние сме дел од тој хајд парк и мораме достоинствено да се однесуваме. Застанувам зад новинарите кои се чувствуваат загрозено од заканите на Рашковски и ги охрабрувам да го истераат до крај, а ние ако треба ќе формираме солидарен фонд за да ја надополниме штетата во песудата која знаеме дека во Кацарска судството ќе ја добие Рашковски – изјави Мицкоски.
Comments are closed for this post.