Законите за АВМУ и МТВ и Законот за дивоградби биле тема на тет-а-тет средбата меѓу Заев и Мицкоски, информира денеска претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.
На брифингот со новинарите Мицкоски рече дека се согласиле засега да не се менуваат законите за начинот како ќе се врши изборот на членови.
Договоривме изборот да се врши според важечките закони, односно со двотретинско мнозинство, рече Мицкоски.
За Законот за легализација на дивоградбите, Мицкоски информира дека опозицијата дала согласност тој закон, кој се наоѓа во Комисијата за транспорт и врски да се одблокира, бидејќи ѝ е важен на владејачката партија.
Третиот закон за кој разговаравме е закон кој допрва ќе дојде во парламентот, а тоа е заем од 100 милиони евра од ЕИБ, кои треба да им бидат доделени на компаниите. Се договоривме опозицијата да не ја кочи таа транша.
За Законот за пензионирање, информра Мицкоски, власта и опозицијата се договориле да имаме пензионирање на 64 години, како што предлагаа власта, но наместо да почне да важи од 1 јануари 2022, ќе почне да важи од 1 јули 2022 година.
Во врска со изградбата на клиничкиот центар Мицкоски рече дека идејата на власта била тој да се гради со пари од еврообврзница, но дека тоа е невозможно, затоа што нема проект, а ни закон, па никој не би му дал пари на Заев „на жими мајка“. Затоа, на Заев тој му предложил дисперзиран клинички центар, кој би бил многу поевтин.
Тоа не е закон, туку е измени на законот за јавни набавки. На три страници седум члена се менуваат. Тоа не е посебен подготвен закон. Тоа делува несериозно. Некому треба да му дадете половина милијарда народни пари, а да не знаете за што ги давате. Нема проект, идеја, концепт…, објасни Мицкоски.
Тој рече дека на средбата предложил да има нов клинички центар, но е многу поевтино да има дисперзиран клинички центар.
Да интервенираме во постоечкиот Клинички центар со реновирање каде што е потребно. На платото кај Румунска болница да се крене една зграда – хирургија, која со топол ходник ќе биде поврзана со Румунска болница и со „8 Септември“, и тој да биде ургентен клинички центар. Болниците, пак, во Битола, Штип и Тетово да прераснат во универзитетски клинички болници.
Идејата на Мицкоски му се видела интересна на Заев, побарал да го види концептот, но и по две недели се уште нема одговор.
Постојат шпекулации дека нема да прифатат, затоа што ги планирале за „мажење“ Румунска и 8 Септември на еден албански бизнисмен кој сега инвестира кај Кванташки, рече Мицкоски.
Comments are closed for this post.