Нема одговор од Министерството за внатрешни работи дали фалсификуваните пасоши со лажен идентитет се уште се употребливи. Според истрагата, македонски патни исправи добиле повеќе од 200-те странски државјани, меѓу нив и лица со дебело криминално досие.
Дали патните исправи се важечки прашува и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ откако партијата пред 10-тина дена ја обелодени аферата.
„Прашајте ги од Владата, прашајте во МВР, дали овие пасоши се уште функционални и дали во овој период од откривањето на аферата до денеска, поминати се две недели, овие луѓе може слободно да се движат слободно низ светот. Јас мислам дека никој не ни даде информација, можеби е убиство направено по налог на овие луѓе“, изјави Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ.
Мицкоски вели дека по објавување на случајот, добивал закани дека ќе биде обезглавен. Вели биле анонимни и немал намера да ги пријави кај истражните органи.
„ Каде да пријавам? Тие што ме оставија без обезбедување со образложение дека мојот живот не е под опасност? И да ми доделат, нема да го прифатам тоа обезбедување. Сам си шетам, така што, кај овие луѓе немам намера ништо да барам ниту пак да примам“, изјави Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ.
Во аферата „пасоши“ беа уапсени деветмина службеници од МВР кои се осомничени дека издавале патни исправа под туѓ идентитет. Власта ја обвини опозициската ВМРО-ДПМНЕ за саботажа објавувајќи детали од истрагата која не била завршена.
Comments are closed for this post.