Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на својот Фејсбук профил објави статус посветен на чистката која што ја вети Заев по дебаклот по првиот круг од претседателските избори.
„Не е до чистката, туку проблемот е до тој што треба да исчисти, името му е Зоран Заев.
Зашто ветувањата за 500 евра плата не ги даваше некој друг, туку токму тој Зоран Заев.
Ветувањето за живот во Македонија, за повеќе пари за земјоделците, за 100 000 денари плата за лекарите, за правда и мир не ги даваше друг, туку тоа беше Зоран Заев.
Ветувањето дека нема да чепка во Уставот, дека името му е жицата од гитарата, и никој да не му ја чепка, беа зборови на Заев.
Ветувањето дека ќе расчисти со двајца министри осомничени за корупција во неговата влада уште пред две години, не ги даде некој друг туку токму Зоран Заев. Нема резултати.
Тој ги изневери и излажа граѓаните. Ја донесе апатијата и разочараноста во државата.
Ставот дека сите други погрешиле, но само тој е чист, е потценување на граѓаните.
Затоа на 5 мај мора да добие лекција која очигледно не ја научи оваа Недела.
Време е народот да му одржи лекција, време е да се каже доста е на лагите. Нема повеќе.
Време е за правда, за Македонија!“, пишува Мицкоски во својот пост на Фејсбук.
Comments are closed for this post.