Гледам дека господинот Заев потрупан со скандали, афери, криминал и корупција повторно се занимава со опозицијата, измислува теми, пушта спотери да отргне внимание, ме прозива. А јас би му порачал дека откако заедно со народот, ќе го решам најголемиот проблем на избори, а тоа е токму тој, веднаш потоа ќе се зафатиме со решавање на сите преостанати проблеми кои тој и неговата неспособна влада ги предизвикаа и не ги решаваат“, напиша лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
Вчера во интервју премиерот Зоран Заев го обвини Мицкоски дека го кочи носењето на Законот за СЈО и дејствува против стратешките интерси на државата.
Comments are closed for this post.