Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, пред присутните граѓани на митингот во Виница, коментирајќи ја вчерашната изјавата на премиерот Зоран Заев дека ќе се сликале селфи кога Мицкоски ќе се откажел од Никола Груевски, рече дека ќе побара прво Заев да ги врати 8.5 милиони евра од Глобал, а потоа и оние едно евро за Вицето едно евро за црквата што ги бараше на видео снимката, па дури тогаш ќе се слика со него, а се до тогаш ќе му остане само да се радува на сликата со Ципрас.
Вчера го гледам Зоран Заев заедно со оној негов деспотски избран кандидат Стево Пендаровски, во полупразната сала Борис Трајковски како вели еве да не сум се грижел и со мене ќе направел селфи. Еве ќе ја искористам оваа прилика овде пред вас, пред овие домаќини, пред овие дечиња, пред овие домаќинки, пред овие вредни луѓе, честит луѓе да му одговорам на неговата нечестита понуда. Нема проблем ќе направиме и селфи, ама прво да ги вратиш оние 8 и пол милиони евра од Глобал што ги украде заедно со Вице, а потоа ќе му кажеш на Вице сите оние евро за евро што ги зема за него и за црквата да ги врати назад кај граѓаните, па дури потоа јас и ти господине Зоран Заев ќе правиме селфи, а дотогаш ќе мора на телефонот да му се радуваш на селфито со Алексис Ципрас, кажа Мицкоски.
ВМРО-ДПМНЕ и коалициноните партнери во Виница пред граѓаните го претставија кандидатот за претседател на Македонија, поддржан од оваа партија, Гордана Силјановска Давкова.
Comments are closed for this post.