„Односот на министерката за правда, Рената Дескоска, е основната пречка што преговорите за Законот за јавно обвинителство не се завршени“, рече на денешната прес конференција претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој подвлече дека партијата се залага за правда, а Дескоска за политички договор.
Жалам што министерката за правда на моменти се преправа во министерка за неправда. Толкав гнев кон ВМРО-ДПМНЕ јас не сум сретнал. Таа во секој поглед гледа да ги минира преговорите. Таа е основната пречка што тие преговори не завршија. Нашата позиција е јасна, а тоа е правда и правдина без разлика на политичката припадност. Тој што се огрешил пред законите, тој треба да сноси одговорнсот низ фер судски процес, потенцира Мицкоски.
Како причина зошто не може да се доближат во преговорите, Мицкоски рече дека позицијата на Дескоска е политичка и има за цел пресметка со ВМРО-ДПМНЕ, а дека политички договор за правно прашање, како што рече, ќе донесе куферчиња, рекетирање и слично.
Лидерот на опозицијата потенцираше дека ВМРО-ДПМНЕ преговара со факти и аргументи.
Ќе оставиме простор за преговорите да течат. Истовремено се преговара и за законите за кои ВМРО-ДПМНЕ имаше поинакви мислења од СДСМ. Планот Б е правно погрешен и тој може да направи услуга на неправдата, дополни Мицкоски.
Comments are closed for this post.