Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ на Фејсбук ги искоментира катастрофалните економски политики на власта. Тој прашува Зоран Заев и СДСМ намерно ја втурнаа македонската економија и граѓани во апокалиптично сценарио, водејќи се исклучително од личните и партиските интереси и манифестираа огромно незнаење или е нешто друго во прашање?
Се започна на 26 декември 2019 година кога тогашниот, сѐ уште премиер во занес, во парламентот ќе изјави дека економијата блеска, а резултатите биле за поклонување. Истиот овој наратив понатаму ќе го продолжат уште неколкумина јуришници од СДСМ во владата, Оливер Спасовски, Мила Царовска, Нина Ангеловска итн., и се до 21 март оваа година, сите овие заедно со Зоран Заев ќе не убедуваат дека буџетот е ликвиден и дека економијата блеска, а резултатите биле за поклонување и покрај тоа што нема раст на БДП од 5% или на пример просек плата од 500 евра, странски и домашни инвестиции, загарантиран откуп за земјоделците, 500км автопатишта итн… Но, каква е реалноста и какви се бројките, тие самите ќе дадат одговор на прашањето, имено буџетскиот дефицит во првите два месеци од 2020 година изнесува речиси 25% од вкупниот кој е предвиден за цела 2020 година или за 63% повеќе од тој во 2019 година кога бил 15,2% (слика 1)., а само во февруари месец тој бил повеќе од 3 милијарди денари (Извор: МФ, Извештај за реализација на буџет заклучно со месец февруари 2020).
Comments are closed for this post.