Ми велат  – има ли светло на крајот од тунелот. Јас велам има! И јас не само што го гледам тоа светло, туку ве повикувам заедно да чекориме до тоа светло! Светлото на крајот од тунелот значи да ја промениме власта и да обезбедиме сите наша заедничка перспектива и иднина.
Да ја вратиме надежта и еланот во нашите срца како тој 8 септември 1991 година. Овие избори да не бидат избори за власт, туку референдум за Македонија. Да дојде нова генерација способни луѓе која ќе направи нов пресврт, нова страница и нова епоха за Македонија, потенцира тој.

Претседателот кажа и дека мора да обезбедиме повеќе работни места, повеќе пари за граѓаните. Напредок во културата, здравството и образованието. Буквално да се постават темелите на новиот патриотизам.

 

Да си ја вратиме земјата во наши раце, во рацете на народот, а не во овие кои што ја украдоа, ја предадоа, ја понижија, ја осиромашија, заклучи Мицкоски