Втората половина на јануари и првата половина на февруари е последната можност за предвремени избори, смета лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, посочувајќи дека би било неодговорно на есен да има предвремени избори, да се трошат десетина милиони евра во услови на криза, за потоа да има претседателски избори во март и во април.

 

– Би било неодговорно така да се постапува. Затоа ценам дека ова е последниот момент, рече денеска Мицкоски, одговарајќи на новинарски прашања во општина Кисела Вода.

Според Мицкоски, неодговорно е повеќе оваа Влада да продолжи да функционира.

– Се погласно е незадоволството во рамките на пратеничките групи на партиите коишто ја поддржуваат оваа Влада. Тука пред се мислам на ДУИ и на СДСМ бидејќи гледаат како државата тоне, назадува, нема реформи, нема резултати, неспособни криминални политичари ја водат таа Влада и охрабрен од тие сигнали што ги добивам од пратеничките групи на СДСМ и ДУИ, мислам дека оваа година ќе се најдат 61 пратеник коишто ќе го распуштат овој Парламент, рече Мицкоски.

Ќе одиме на предвремени парламентарни избори, нагласи тој