Кои интереси се заштитени со францускиот предлог, запраша лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Во вечерашното гостување во ТВ Алфа тој вели дека би бил најсреќен доколку утре македонската влада не го прифати францускиот предлог.
-Од Софија велат дека не се задоволни со еднострани изјави, туку они сакаат тоа да влезе во заклучоците на Европскиот совет. Јас се слушнав вчера со Пендаровски, изгледа има намера и тој како Ковачевски да се пофали. Суштината беше да видиме што тој прави во оваа ситуација. Од тоа што Пендаровски го кажа е дека од Софија бараат при промената на македонскиот Устав, Бугарите да влезат во нормативниот дел од Устав, рече Мицкоски во емисијата „Заспиј ако можеш“.
Тој нагласи дека овој предлог не требаше да се најде на маса.
Сега наеднаш го гледаме на маса, а тој што се согласил вели дека не го видел. Утре е сериозен историски самит на ЕУ, не е било каков. Таму кандидатски статус треба да добијат Украина и Молдавија. И на нив им е потребен и чекор на Балканот, да почнат преговори со Македонија и Албанија, додаде Мицкоски.
Comments are closed for this post.