Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска уште еднаш повика на предвремени парламентарни избори. Тој го обвини премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев дека се затскрива зад органите на партијата.
Денеска од Зоран Заев сушнавме две тези. Првата е дека се крие зад одлуките на органите на партијата и втората е дека анкетите покажувале сигурно водство и дека на секој политичар добродојдени ќе му бидат нови четири години мандат. Ако е навистина така тогаш ајде во Понеделник да го распуштиме Собранието, имаме доволно време да организираме фер изнорен циклус согласно законот во Република Македонија и заедно со претседателските избори да одржиме предвремени парламентарни избори во Република Македонија, рече Мицкоски.
Comments are closed for this post.