Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО ДПМНЕ на сите граѓани во Македонија им ја честита Новата 2022 година и посакува тоа да биде година во која промените и проектите ќе ја донесат конечната победа и триумф на вистинските вредности.

Децата на Македонија заслужуваат нова, среќна иднина во средена држава која ќе ги задоволи сите нивни потреби. 2022 година ќе биде година во која промените и проектите ќе ја донесат конечната победа, триумф на вистинските вредности.
Драги пријатели, ви ветувам дека со целата сила ќе се борам да биде подобро. Искрено и од срце, како ваш пријател, сосед, сограѓанин ви посакувам најубави празнични денови. Топол дом исполнет со ведрина и оптимизам. Многу љубов и насмевки со вашите блиски. Ви посакувам среќна, весела и успешна 2022 година, вели Мицкоски во видео-обраќањето на Фејсбук.