Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски денеска побара итна седница со единствена точка на дневен ред, разрешување на осомничената специјална јавна обвинителка Катица Јанева.
Според него, Џафери е должен веднаш да биде свикана седница, за да има време Советот на јавни обвинители да го разгледа предлогот и да ја разреши Kатица Jанева.
Тој вели дека СДСМ и Зоран Заев се должни пред јавноста да дадат одговори на неколку прашња а најважното е зошто не се сака да биде разрешена Катица Јанева иако тоа веќе е констатирано од страна на Советот на јавни обвинители и од Комисијата за прашња на изборите и именувањата.
Дали Владата на Зоран Заев е во координација и синхронизација со самата Катица Јанева, обвинителката Вилма Рускоска и државниот јавен обвинител Љубомир Јовески и се дел од планот за спас на Катица Јанева?Дали со штитењето на Катица Јанева се штитат и високи функционери на СДСМ?СДСМ и Зоран Заев не може да избегаат од овие прашња колку и да се обидуваат, ниту со тужби ниту со закани. Одговор на овие прашања мора да има.
Ги повикуваме пратеници на СДСМ и владеачкото мнозинство да застанат на страна на законот и правдата и да гласаат за разрешување на осомничената Катица Јанева-истакна Мицевски.
Comments are closed for this post.