Координаторот на ВМРО-ДПМНЕ,Никола Мицевски, откако беше прекината седницата на комисијата за уставни прашања од собранискиот прес центар побара Собраниски канал да ја емитува расправата во живо. Според него, Собранието ја има програмската одговорност за тоа.
Парламентарното мнозинство на СДСМ и Талат Џафери сакаат дебатата за уставни измени да помине далеку од очите на јавноста. Тие сакаат уставните измени да ги протнат на мала врата. Се плашат да се соочат со пратениците на опозицијата и аргументите. Зошто првата седница не е емитувана на Собраниски канал? Ова е прашање од нависок интерес за граѓаните на Македонија. Собранието има програмска одговорност, а ние, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ бараме седницата да се пренесува на Собраниски канал, истакна Мицевски.
Comments are closed for this post.