Договорот е историска шанса и тој ја отстранува клучната пречка за членство на земјата во ЕУ и НАТО порачува германската канцеларка Ангела Меркел во писмото упатено до премиерот Заев.

На 30 септември огромно мнозинство од над 90 отсто од оние кои учествуваа на референдумот гласаа ‘за’ договорот со Грција. Договорот нуди шанса за историски договор и зајакнување на односите меѓу двете земји. Тој исто така ја отстранува клучната пречка за приближување на земјата кон ЕУ и НАТО. Сега е клучно да се преземат многу важни чекори за имплементација на договорот за името со усвојување на неопходните уставни амандмани. Ќе продолжам да соработувам со вас за остварување на оваа цел”, наведува Меркел во писмото до Заев, објавено на веб страницата на германската Влада, се вели во писмото.