Во сообраќајната несреќа на автопатот Скопје – Тетово , меѓу 14те жртви е и син на пратеник од СДСМ. Во несреќата загинал и Јовица Трпевски, син на пратеникот на СДСМ од Гостивар, Благојче Трпевски, потврдија извори од истрагата.
Повредени се над 30 од кои 5 се борат за живот.
Градоначалникот на Гостивар информираше дека сите загинати се од неговиот град. Арбен Таравари оцени дека ова е црн ден за цела Македонија.
Comments are closed for this post.