Случајот со заклучените малолетни деца во автомобил ја потресе македонската јавност, реагираа и институциите.
Центарот за социјална работа, а со реакција се јави и првата детска амбасада „Меѓаши“. Оттаму бараат одговорност надлежните инситуциите да се утврди родителската негрижа и да преземат соодветни мерки за остварување на квалитетно родителско право за чување, воспитување и грижа за децата.
Родителската негрижа и занемарување на децата е појава што загрижува и опоменува. Згрозени сме од настанот што се случи вчера кога две малолетни деца беа оставени сами, заклучени во затворен автомобил и на високи летни температури. До пред некое време мислевме дека ова се случува само во некои други земји, но очигледно Македонија не е веќе исклучок.
Во светот постојат редовни медицински и медиумски предупредувања, децата да не се оставаат во автомобил додека ,,завршувате нешто” – бидејќи за многу кратко време топлината во автомобилот може да стане опасна по живот. Ваквите предупредувања изостануваат во наши околности. Скоро секоја година сме сведоци на немили настани каде малолетно лице настадало од вакви причини.
Бараме одговорност од надлежните институции да ја утврдат родителската негрижа и преземат соодветни мерки за остварување на квалитетно родителско право за чување, воспитување и грижа за децата.
Родителската одговорност е подеднаква независно од тоа дали децата живеат со родители или пак со родители кои остваруваат родителско право на видување. Родителската грижа и одговорност во ниту еден момент не престанува!Според Конвенцијата за правата на детето член 6 “Државите-членки во најголема можна мерка овозможуваат сигурен опстанок и развој на детето”, каде што нашата земја е обврзана да овозможи во рамките на Законот сигурен развој и опстанок на детето. Со максимално поттикнување на родителите за одговорно родителство
Во рамките на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата кој ги регулира правилата за превоз на деца, Меѓаши апелира и препорачува донесување на член кој јасно ќе ја санкционира негрижата и запоставувањето на детето како учесник во сообраќајот.
Македонија како демократска земја со демократски приниципи на уредување, ги почитува правата на човекот и слободи и според Конвенцијата за заштита на правата на детето е обврзана да презема неопходни мерки за заштита на детето од сите форми на злоупотреба, дискриминација и запоставување од страна на родител или законски старател.
Во рамките на нашето законодавство, треба да се почитуваат начелата кои гарантираат сигурно и безбедно детство и грижа за правата на детето.
Сигурната иднината и безбедност на децата во земјава треба биде едно од главните начела за владеење на правото и воспоставување на демократски принципи и начини на реулирање на законите, стои во реакцијата на „Меѓаши“, за „Република“.
Comments are closed for this post.