Македонија е мојата омилена поранешна југословенска Република.Првите лекции за криминалот и корупцијата и шверцот на цигари во почетокот на деведесеттите години ги научив во Скопје, открива црногорскиот пратеник Небојша Медојевиќ.
Тој во пресрет на парламентарните избори во Црна Гора во интервју за „Република“ говори за криминалот во Црна Гора, дали земјата конечно се ослободи oд владеењето на Ѓукановиќ , или пак добија нов Мило.
Црна Гора под власта на Ѓукановиќ стана сигурна куќа за белосветски криминалци и тој за 30 години изгради цел систем и логистичка база за функционирање на криминални организации.Тој основа своја банка заедно со својот брат која се вика „Прва банка“, ја контролираше службата за безбедност, царината, обвинителството, судовите. Црна Гора за време на Ѓукановиќ стана „хаб“ за светскиот организиран криминал. Мала земја во срцето на Европа, а Ѓукановиќ од Црна Гора направи Колумбија на Јадранот. По падот на Ѓукановиќ во 2020 година сите очекувавме промени, меѓутоа оваа структура која е поврзана со нарко и тутунскиот картел направи се да спречи Демократскиот фронт како најсилна партија да влезе во Влада поради овие причини.Проработеа нови млади луѓе како што е министерот за финансии Спајиќ кој прифати да го продолжи шверцот на цигари и перењето на цигари со тоа што тој Спајиќ кој е претседател на една нова партија „Европа сега“ доведе нови криминалци од светот на „Блок чејн“ и криптовалути што Ѓукановиќ како стар комунистички политичар не знаеше.Тоа е и врската со нарко картелот бидејќи сите сериозни безбедносни агенции знаат дека криптовалутите се користат за најсензитивните операции меѓу нарко картелите..Црна Гора наместо по падот на Ѓукановиќ тргне кон демократизација и чистење на земјата од мафија добивме верзија на Ѓукановиќ 2.0, односно Милојко Спајиќ кој на целиот криминал кој Ѓукановиќ го „засади“ ги додаде крипто валутити и белосветските криминалци и сега имаме афера дека кај нас се наоѓа Do Kwon, еден од најголемите преваранти со крипто. Значи да резимираме, по Ѓукановиќ имаме „ крипто Ѓукановиќ“во ликот на Спајиќ кој за жал поради некои полулистички мерки и зголемување на мининалната плата на база на задолжување има одредена популарност.Црна Гора сега влегува во нова криза и надограден Ѓукановиќ.
Медојевиќ е задоволен што неговиот Демократски фронт придонел за падот на Ѓукановиќ и оти ова се први избори каде го нема Мило..
Сега излегуваме самостојно и со една реформска програма која се вика „Реформа за спас на Црна Гора“ која ја покрива борбата против сиромашноста и борбата против организираниот криминал и корупција.Кај секој втор граѓанин е на линија на сиромаштија и оти тоа е последица на економската транзиција и ендемската корупција.За тоа говори и фактот што претседателката на Врховниот суд е осомничена дека е шеф на организирана група за шверц на кокаин и цигари. Ова што се случува во Црна Гора не се случувало ни во Колумбија ни во Мексико. Против мене мафијата подготвуваше атентат кој е платен милион евра.За среќа поради активноста на сојузнички служби тој е спречен но луѓето кој сум јас и „Покрет за промене“.
Медојевиќ во Македонија стана познат по изјавата дека „Македонија нема никогаш нема да стане членка на ЕУ иако распроаде се што имаше“. Тој во интервјуто за „Република“ објасни за што конкретно мислеше.
Ни Македонија ни Црна Гора не се нови и млади држави.Имаме традиција и континуитет.Важни ни се националните идентитети. Од музика па до култура, па се до музика.Важно е човек да биде Македонец, Црногорец, Србин,Хрват, Бошњак.Важна е припадноста, православна, исламска.Важно е човек во нешто да верува, во бога, во идеја. Европска унија е надминат политички проект, мислам дека таа или ќе исчезне или ќе се реформира во слисол да нејзините основачи ќе имаат малку поголеми права а ние од Балканот ќе имаме слободен проток на луѓе и капитал но нема многу да се прашуваме за одлуките во Брисел.Тоа ќе биде еден вид на втора лига на ЕУ.Затоа ние се залагаме за „Отворен Балкан’ и луѓето слободно да патуваат, тргуваат, прават бизнис, да се образуваат, лечат и полека да ги вратиме тие европски принципи на нашиот Балкан.„Отворен Балкан“ е добра идеја за сите земји во регионот.Европска унија во овој формат не може да функционира, затоа што е недемократска, наметната и вазална спрема некои центри на крупниот капитал и „длабоката држава“.Пораката и за Македонците е да се свртат кон самите кон себе бидејќи немаме поблиски од нас овде.Повторувам, Европска унија е во распаѓање како и секоја бирократска организација која не е демократска, како Советскиот сојуз, како Југославија. Да се свртиме самите кон себе да имаме правни држави, слободни и фер избори, да немаме мафии, криминал и корупција а потоа регионално да се поврзуваме, едни на други да си помагаме.Чесните луѓе да соработуваат онолку колку што соработуваат криминалците и мафијата-советува Медојевиќ за „Република„.
Целиот разговор слушнете го во видеоинтервјуто кое го водеше Игор Чавески
Comments are closed for this post.