Мажите се уште доминираат во политичките партии, во јавниот и политичкиот живот, а иницијативите за родова еднаквост се сведуваат се уште на социјални прашања. Земјава има постигнато одреден напредок во унапредувањето на родовата еднаквост, но сепак жените остануваат недоволно застапени во политиката на сите нивоа на носење одлуки. Родова квота има само во изборот на пратеници, но и покрај тоа политичките партии ги ставаат жените на пониски недобитни позиции.
Ова го покажува „Извештајот од самопроценката на родовата сензитивност на Собранието“ презентиран денеска на собраниската Комисија за еднакви можности на жените и мажите.
Извештајот го препознава направениот напредок и заложбите на Република Северна Македонија да ја унапреди родовата еднаквост. И покрај тоа што е направен напредок со отстранување на формалните пречки за политичко учество на жените на тој начин што се вклуени родови квоти и е подигната свесноста, сепак тие остануваат недоволно застапени во политиката на сите нивоа на носење одлуки, рече шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, амбасадорот Клеменс Која.
Comments are closed for this post.