Матичните лекари: Сертификатите нека се издаваат на пунктовите, ние не сме административци на ФЗОМ!

12.05.2021 / 15:57


Сертификатите за примена вакцина кои матични лекари треба да им ги издаваат на вакцинираните пациенти им го отежнуваат работењето на матичните лекари, им трошат хартија и тонер, а им прават и дополнителен метеж на шалтерите и во ординациите, вели во изјава за „Слободен печат“ претседателката на Здружението на матични лекари, д-р Лилија Чолакова Дервишова.

Вакцинираните пациенти треба да добиваат сертификат за примена вакцина уште на самиот пункт за вакцинација. Во секој пункт за вакцинација има мрежни принтери што овозможува да се издаде сертификатот. Нас ова не само што ни прави метеж во ординациите, туку ни претставува и дополнителен трошок. Капитацијата не е осмислена да покрива вакви енормни трошоци, ние едноставно како да сме административци на Фондот за здравство, вели д-р Чолакова Дервишова.

Прашана дали има можност за злоупотреба, односно дали може матичниот лекар да издаде сертификат за примена вакцина на невакцинирано лице, Чолакова одговара дека тоа не е можно, освен ако некој не направи хакерски напад на веб страницата на „Мој термин“.

Веб страната „Мој термин“ ги објавува податоците за вакцинирани лица, ние тоа го следиме и врз основ на тие информации го „симнуваме“ сертификатот и го печатиме, објаснува Чолакова.

Сертификатите се двојазични, на македонски и на англиски јаизк, што овозможува поголема достапност на информации за граѓаните кои сакаат да патуваат.


Pressingtv.mk - содржините се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Comments are closed for this post.

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ денеска одржува Конгрес: Ќе биде донесена новата „Стратегија за Македонија 2030“

пред 7 часа
Македонија

Стефановски: ВМРО ДПМНЕ е врежаната ДНК на секој чесен граѓанин на оваа татковина

пред 22 часа
Македонија

СДСМ пак се заканува со пуштање „бомби“

пред 1 ден
ИНТЕРВЈУ СО НАЧАЛНИКОТ НА СВР СКОПЈЕ

Топаловски: Ако сте ја заслужиле невозможно е да избегнете плаќање на казната со „Сејф сити“

пред 1 ден
Македонија

Пропагандата на Бугарија кон Македонија е пуштена на најако

пред 2 дена
Македонија

Се формираше Анкетната комисија на владејачката коалиција за сите трагедии во последните години

пред 3 дена
Македонија

ТВ Колумна „5 минути со Чавез“: Кацарска сигурно не е од гладните, туку од алчните

пред 3 дена
Македонија

Која беше Могерини: Почнаа да паѓаат гаранторите на Договорот од Преспа

пред 3 дена
Македонија

Aдвокатката Коцевска: Митко Јованов е уапсен само затоа што е син на газдата на „Пулс“

пред 4 дена
Македонија

Николоски: Одговорност, координираност и безбедни патишта за помалку жртви во сообраќајот

пред 4 дена