Едно лице се здобило со убодни рани од нож, а уште едно било повредено во тепачка што се случила викендот пред хотел во Стар Дојран.
Според извештајот на Министерството за внатрешни работи, во тепачката во која учествувале повеќе лица и бил употребен и нож, со убодни рани по телото се здобил З.М (45) од Скопје, а И.С(33) од Гевгелија со повреди. Двајцата биле пренесени во општата болница во Гевгелија каде им била укажана помош и санирани повредите.
Во врка со инцидентот приведени се двајца струмичани, К.Р(24) и Р.С(21), а по насоки од обвинител се преземаат мерки за пронаоѓање и на други ученици во тепачката.
Comments are closed for this post.